info@mtravel.com.mk
Maksim Gorki 20, Skopje
+389 2 3125 334 | +389 70 320 511

 

СИНГАПУР И БАЛИ – ЛЕТО 2019

2 ноќи Сингапур + 7 ноќи Бали + авионски превоз од СКОПЈЕ

+ трансфери + 3 екскурзии во Сингапур

Датум: 26.06.2019 – 07.07.2019

 

Сингапур е економски гигант и најмодерна островска град-држава во југоисточна Азија. Градот ги спојува малајската, кинеската, индиската и англиската култура и религија. Неговата единствена етничка таписерија им пружа на посетителите широк спектар на содржини за разгледување и откривање. Островот лежи еден степен северно од екваторот, и ги опфаќа островот Сингапур и 58 помали острови. Мноштвото рибни ресторани  долж песочните плажи на источниот брег, ве повикуваат на излет, како и островот на забавата, Сантос. Главниот град, кој се вика Сингапур, покрива една третина од главниот остров. Одличната инфраструктура на островската република им овозможува на посетителите да уживаат во неговите бројни локации и атракции во безбедна, чиста и зелена средина. Сингапур се нарекува “Градот на градините” (“Garden City”) поради многуте паркови и бујната вегетација. Неговата убавина е надополнета со богато културно наследство. Јадрото на Сингапур е колонијалната област. Секоја енклава има свој специјален шарм, од ароматичните продавници за зачини во Little India, трошниот Кинески кварт, каде што сѐ уште е можно да се сретне калиграф, до арапскиот округ кој е претрупан со продавници за фини ткаенини и свила.
Бали е инспирација, тропска состојба на умот, магичен остров опкружен со раскошни пејзажи, вулкани, смарагдно-зелени оризови тераси и бујни тропски шуми кои пружаат неисцрпен извор на енергија. Она што го издвојува Бали од другите тропски острови е традицијата и духовноста на насмеаните локални жители кои гордо ја слават својата култура и го негуваат својот идентитет. Од Бали ќе понесете со себе незаборавно искуство од природната хармонија и љубов. Бали е скапоцен камен на Азија и тропски остров на насмеани луѓе кои ќе ги задоволат најразличните вкусови, без разлика дали сакате да се релаксирате на белите песочни плажи под зелените палми и да се релаксирате со звуците на брановите што ги заплискуваат гребените, или да ги почувствувате благодатите од арома терапијата, да го испразните својот ум со јога, Таи Чи , сурфање, или да се обидете да се ценкате во некои од многуте традиционални пазари.

 

ПРОГРАМА

 

1 ден – 26.06.2019 | Скопје – Доха

Полетување од Скопје кон Доха во 12:45 часот (пријавување на шалтер 2 часа пред летот. Слетување во Доха во 18:40 часот. 

 

2 ден – 27.06.2019 | Доха – Бали

Полетување од Доха кон Денпасар во 02.30 часот. Слетување во Денпасар,Бали во 17.30 часот. Пречек на аеродром од страна на претставник на партнерската компанија и трансфер во хотелот избран од табелата. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

3 ден – 8 ден | 28. 06.2018 – 03.07.2018 | Бали

Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности или предлог факултативни излети.
Бали е инспирација, магичен остров со недопрени плажи, вулкани и бујни тропски шуми. Она што го издвојува Бали од другите тропски острови е традицијата и духовноста на народот кои ја славаат својата култура и го негуваат својот идентитет. Бали е  скапоцениот камен на Азија каде можете да се опуштите на прекрасните песочни плажи, да ги осетете благодетите на арома терапијата, да го испразнете вашиот ум со јога, Тај Чи, сурфајте или да се обидете да се ценкате во некои од многуте традиционални пазари.
Авантурата на Бали започнува на плажа, со балиските специјалитети, егзотична комбинација на вкусови. Уживајте во идиличната атмосфера на мекиот, златен песок и дочекајте спектакуларниот залез на сонцето. Откријте ја автентичноста на Бали преку традиционалните танци, ритуали и легенди. Уживајте во опјниот мирис на ароматичните масла за време на индонезиската масажа и заборавете на кратко на секојдневниот живот, бидејќи ова рајско место станува ваша реалност.  Дозволете Бали да ве заведе со својот посебен шарм.

Предлог факултативни излети:

Јужен Бали – посета на плажите Uluwatu, Padang Padang, Bingin, Dreamland. Приквечер факултативна посета до храмот Uluwatu, познатиот хиндуски храм, каде што можете да го доживеете најдоброто балиско зајдисонце додека пеат стотина балиски изведувачи кои го изведуваат  најпопуларниот танц во Бали, Kecak, во типичен балиски магичен амбиент. Традиционалниот балиски танц Kecak ја претставува вечната борба помеѓу доброто и злото, и како дел од познатиот Рамајана Еп, се изведува во амфитеатар со над 100 танчери, многу импресивно, без музика, само со различни гласови и ритмови.

Плажа Кута – Кута е најпопуларната плажа на Бали која е полна со сурфери од целиот свет. Тука можете да ги научете основите  на сурфањато  по поволни цени. Во попладневните часови ќе можете да  уживате во залезот на сонцето и коктелите. Кута и Легија се центри на ноќниот живот на Бали, но и со  голем број на познати светски ресторани .

Убуд – е град познат по сликарството, уметнички ателјеа, галерии, перформанси, музеи. Секако, насекаде ценкањето е неизбежно. Во Убуд ќе имате можност да го посетете шумата на мајмуните Monky Forest.

 

9 ден – 04. 07.2019 | Бали – Сингапур 

Појадок во хотел. Одјавување од хотелот .Следува трансфер до аеродром во Денпасар. Полетување од Денпасар во 10.25 часот и слетување во Сингапур во 13.00 часот. Пречек на аеродром од страна на претставник на партнерската компанија и трансфер во хотелот Furama Riverfront 4* или сличен во Сингапур . Следува панорамски разглед на градот на орхидејата, Сингапур во времетраење од 4 часа, при што ќе поминеме низ Clarke Quay, Orchard Road – главниот булевар кон: Marina Bay, Garden by the Bay, Central Buisiness Dinstrict, Merlion Park… Враќање во хотел. Ноќевање.

 

10 ден – 05.07.2019 | Сингапур – Сентоса 

Појадок во хотел. По појадокот започнува целодневна тура со панорамско возење со жичарница од планината Фабер (Mount Faber) до осторвот на забавата – Сентоса! Кабините со 8 седишта ќе ви овозможат од птичја перспектива да уживате во прекрасниот пејзаж на Сингапур. Влезете во светот на бои во паркот на пеперутките и кралството на инсектите “Butterfly Park & Insect Kingdom” и дозволете 1.500 живи пеперутки – над 50 видови – да летаат околу вас. Придружете се на Шон и на ѕвездите од “Патувањето до центарот на Земјата” (“Journey to the Centre of the Earth”), како започнуваат единствена 4D авантура во: Патување 2 – Мистериозниот остров (Journey 2 – The Mysterious Island)! Влезете со стил во иконската статуа – легендарниот Merlion, половина лав, половина риба –  чуварот на просперитетот  кој е олицетворение на историјата на Сингапур како пристанишен град. Легендата вели дека Merlion секоја година го посетува островот Сентоса за да ја заштити благосостојбата на Сингапур. Откријте го инспиративниот стравствен свет на животот во океанот во S.E.A. AquariumTM, најголемиот аквариум во светот. Истражете повеќе од 800 видови морски животни, како што се величествените манта раи и над 200 ајкули преку најголемиот светски прозорец во океанот.

 

11 ден – 06.07.2019 | Сингапур-Доха

Појадок во хотел. Одјавување од хотелот. Следува турата до Градините покрај заливот.

Градините покрај Заливот со OCBC Skywalk (Gardens by the Bay with OCBC Skywalk) се меѓу топ 10-те најубави затворени градини во светот, со повеќе од 1 милион растенија и 5.000 видови од истите. Градините ја доловуваат суштината на Сингапур како врвен тропски “Град на градините” (“Garden City”) со совршена животна средина. Врвна дестинација исполнета со чуда од целиот свет.

Започнете со прошетка долж мостот OCBC Skyway на 22 метри над земјата и бидете опкружени од панорамските погледи кон градините, заливот Марина Беј (Marina Bay) и уживајте во прекрасниот поглед на градот. Се продолжува со посета на двете затворени ботанички градини – ладни конзерваториуми наречени „Облачна шума“ и „Цветна купола“ (Flower  Dome и Cloud Forest). Ќе влезете во  биомот “Облачна шума” (Cloud Forest), мистериозен свет, прекриен со  магла, кој ги реплицира ладните влажни услови кои ги има во тропските планински региони. 35-метарската висока планина покриена со бујна вегетација која го прекрива највисокиот затворен  водопад во светот, и го прикажува растителниот свет од тропските висорамнини до 2.000 метри надморска височина. Влезете во “Цветната купола” (Flower Dome) каде ќе се восхитувате на раскошната природа, како и на спектакуларните и иновативни дизајни кои ја реплицираат ладно-сувата  клима на медитеранските региони. По разгледот, следува трансфер во договорено време до аеродромот во Сингапур каде ќе имате можност да ја почуствувате величенственоста на нај прекрасниот аеродром во светот. Полетување од Сингапур кон Доха во 21.20 часот. Слетување во Доха во 23.55 часот. 

 

12 ден – 07.07.2019 |  Доха – Скопје

Полетување од Доха кон Скопје во 06.55 часот. Слетување на Меѓународниот аеродром во Скопје во 11.15 часот.

 

ПАКЕТНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ:

Пакетни цени:
(2 но
ќи Сингапур + 7 ноќи Бали)

Услуга

Цена по лице (мин 2 лица)

3 возрасен  (доп. легло)

Дете 2-11.99 год(доп.легло)

Aston Kuta Hotel & Residence 4*

Ноќевање со појадок

1.339 €

1.311 €

1.068 €

*Home at 36 Condotel 3* (Kuta)   

Ноќевање со појадок

1.353 €

1.220 €

977 €

*Ibis Style Bali 3* –  (Benoa)

Ноќевање со појадок

1.258 €

1.269 €

1.005 €

*Hotel Melia Bali 5* (Nusa Dua)

Ноќевање со појадок

1.587 €

1.465 €

1.047 €

NOVOTEL BALI BENOA HOTELS & RESORTS 4*

Ноќевање со појадок

1.444 €

1.332 €

1.075 €

Harris Resort Seminyak 4*

Ноќевање со појадок

1.304 €

1.269 €

977 €

Palm Beach Hotel 3* (Kuta)

Ноќевање со појадок

1.234 €

1.199 €

 

*Sofitel Hotel & Resort Bali 5* (Nusa Dua)

Ноќевање со појадок

1.780 €

1.486 €

1.243 €

Swiss-BelhotelPetitenget 4* –  (Seminyak)

Ноќевање со појадок

1.276 €

 

935 €

TijiliBenoa Bali 4* (Nusa Dua)

Ноќевање со појадок

1.325 €

1.269 €

1.026 €

Harper Kuta 4*

Ноќевање со појадок

1.283 €

1.269 €

1.026 €

Courtyard Bali Seminyak 5*

Ноќевање со појадок

1.556 €

1.346 €

1.103 €

Hard Rock Hotel 4*–Kuta

Ноќевање со појадок

1.521 €

1.346 €

907 €

 

*ПРЕПОРАКА НА ХОТЕЛИ

Во цената е вклучено:

  • Авионски билет на релација Скопје – Доха – Денпасар / Сингапур – Доха – Скопје, со авиокомпанијата Qatar Airways сo вклучен багаж до 20 кг;
  • Авионски билет Денпасар – Сингапур со 20кг багаж;
  • 2 ноќевања во хотел во Сингапур со појадок во Furama Riverfront 4* или сличен;
  • 3 ексурзии во Сингапур со локален водич на  англиски јазик;
  • 7 ноќевања во хотели по избор на Бали на база на соодветниот тип на исхрана според табелата;
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Сингапур;
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Бали;
  • Пречек во Бали и Сингапур од локалниот претставник (англиски јазик);

 

Цената не вклучува:

  • Аерoдромски такси од 296 €;
  • Храна, пијалоци и услуги кои не се споменати во програмата;
  • Доплата за Вечера од возрасен изнесува 32€ од ден  од лице, а за деца под 12 години изнесува 18€ од лице од ден;
  • Факултативните екскурзии;
  • Патничко осигурување – ЗАДОЛЖИТЕЛНО (информации во агенција);

 

Факултативни екскурзии:

Класична тура Бали (полудневна тура)
Поаѓање во попладневните часови и се упатуваме кон светата шума  Sangeh, населена од неколку племиња на мајмуните кој го чуваат храмот од злите духови. Продолжуваме кон Кралскиот Храм на Mengwi, познатиот Taman Ayun, кој се наоѓа во  прекрасната и бујна градина. Конечно, стигнуваме до крајбрежјето на познатиот храм “Tanah Lot” каде се  восхитуваме на спектакуларниот поглед на зајдисонцето.
Цена по лице изнесува: 37€

“Uluwatu “тура
Посета на јужниот дел на Бали, малиот храм ULUWATU кој е изграден на работ на една карпа и гледање на Кечак танцот.
Цена по лице изнесува: 31€

Магичната вулканска тура
Турата започнува со посета на “Tegallalang”, еден од најубавите тераси од ориз во Бали и  “Sebatu” , храмот на светата вода.Потоа ке поминеме низ  “Kintamani” каде ке се воскитуваме на панормскиот поглед  од кратерот  на” Mount Batur”  и  езеррото Батур .Ручек во еден од локачните ресторани .Потоа продолжуваме со посета на слоновата пештера “Goa Gajah”.              
Цена од лице изнесува: 54€ (Тура + ручек)

Бали панормскатура
Посета на јужниот дел на Бали  малиот храм ULUWATU кој е изграден на работ од карпа и гледање на Кечак танцот.
Цена од лице изнесува: 31€

 

Услови:

Резервација се проследува со уплата на депизит од 50% од вкупната вредност и целосна доплата до 45 дена пред рализација на аранжманот;

Понудата е валидна за минимум 20 пријавени патници;

За ова патување не се потребни медицински имунизации;

Рок за известување за недоволен број на пријавени патници според општите услови на патување;

Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата;

 

Неопходни документи:

За влез во Индонезија/Сингапур не е потребно претходно обезбедување на виза. Република Индонезија/Сингапур издава бесплатни визи по пристигнување на сите странски посетители, ако се обезбедени следните услови: Патна исправа со важност од минимум 6 месеци од датумот на враќање во матичната држава;
  
Рокови за отказ на аранжманот  и пенали:

Над 60 дена пред датумот на поаѓање се задржува износот на депонираниот депозит;

Помеѓу 60-тиот и 20-тиот ден пред датумот на поаѓање се задржува 70% од вредноста на аранжманот;

Помалку од 20 дена пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредноста на аранжманот.

               
Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари.
***Оваа програма е валидна за минимум од 20 патници. Доколку не биде исполнет истиот, цената на аранжманот нема да биде променета, но екскурзиите ќе бидат исклучени од аранжманот***