info@mtravel.com.mk
Maksim Gorki 20, Skopje
+389 2 3125 334 | +389 70 320 511

БУДИМПЕШТА ПАНДОРФ БРАТИСЛАВА –

СВЕТИ АНДРЕА   ВИШЕГРАД ЕСТЕРГОМ

 

25.04.2019 (четврток) Скопје – Будимпешта

Состанок на групата во 16:30 часот и поаѓање за Будимпешта во 17:00 часот. Се патува преку Р.Србија и Р.Унгарија со куси попатни паузи за царински формалности и одмор.

 

26.04.2019 (петок) Будимпешта

Пристигнување во Будимпешта во претпладневните часови. Разгледyвање на градот со локален водич: Плоштадот на Хероите, Парламентот, улиците „Андраши“ и „Ракочи“, катедралата „Св.Стефан“, мостовите на Дунав, Кралската палата, Цитаделата, Рибарската тврдина, улицата „Ваци“, која завршува со познатата слаткарницата „Жербо“. Сместување во хотел Nap 3* http://www.naphotel.hu/. Слободно време за одмор. Вечерта можност за факултативно крстосување по реката Дунав. Ноќевање. 

 

27.04.2019 (сабота) Будимпешта – Пандорф – Братислава – Будимпешта

Појадок. По појадокот можност за целодневен факултативен излет до Братислава со посета на шопинг-центарот  Пандорф. Пристигнување во Пандорф. Слободно време за шопинг. Заминување за Братислава. Пристигнување во Братислава и разглед на градот со локален туристички водич:  средовековниот плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, катедралата „Св.Мартин“, Словачкиот народен театар, барокната палата во која Моцарт ги изведувал своите дела, палатата „Паули“ во која Франц Лист го одржал својот прв концерт. Во попладневните часови заминување за Будимпешта. Можност за посета на православна црква по повод христијанскиот празник Велигден. Пристигнување во хотелот. Слободно време за одмор. Ноќевање.

    

28.04.2019 (недела) Будимпешта – Свети Андреа – Вишеград – Естергом

Појадок. По појадокот можност за целодневен факултативен излет до Свети Андреа, Вишеград и Естергом – некогашните центри на кралска Унгарија со вклучени влезници и превоз. Пристигнување во Естергом – град кој лежи на брегот на Дунав, и претставува природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот и посета на Естергомската катедрала, која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград каде што се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Попладне попатна посета на живописното гратче Свети Андреа, каде што се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви.  Можност за посета на соборниот храм во Свети Андреа. Враќање во Будимпешта во пладневните часови. Можност за факултативна посета на  национален ресторан – чарда,  со унгарски специјалитети и фолклор. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

29.04.2019 (понеделник) Будимпешта – Скопје

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на шопинг-центарот Арена Плаза. Слободно време за шопинг. Поаѓање за Скопје во пладневните часови.

 

30.04.2019 (вторник) Скопје

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

Промотивна цена до 06.04.2019 :
 8.800,00 денари

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
      9.600,00 денари

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со висоскотуристички автобус на наведената релација;
  • Три ноќевања со појадок  во  хотел Nap 3* http://www.naphotel.hu/;
  • Разглед на Будимпешта со локален водич;
  • Придружник -лиценциран пратител на групата за време на патувањето ;
  • Организација и реализација на аранжманот.

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Факултативно крстосување по Дунав 15 евра;
  • Факултативна посета на шопинг-центарот Парндорф и Братислава 25 евра;
  • Факултативен целодневен излет со превоз и вклучени влезници на Свети Андреа, Вишеград и Естергом 20 евра;
  • Посета на чарда – национален унгарски ресторан 30 евра;
  • Патничко и здравствено осигурување без франшиза за времетраење на патувањето  – 360 денари.