info@mtravel.com.mk
Maksim Gorki 20, Skopje
+389 2 3125 334 | +389 70 320 511

 

Пролет на КУБА
 РОМАНТИКА, САЛСА
и ПЕСОЧНИ ПЛАЖИ

20.05 – 31.05.2019



9 ноќи на Куба (Хавана+Варадеро) + авионски превоз од Скопје со вклучени аеродромски такси + трансфери + екскурзии + претставник од агенција

БЕЗ ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРОШОЦИ!!

 

Варадеро – најексклузивното и најпознато летувалиште во Куба во која се уште владеат браќата Кастро, се наоѓа на околу 150 километри источно од главниот град Хавана и денеска е еден од најзначајните туристички центри на Карибите.
Куба е една од најомилените дестинации на оние туристи кои преферираат долги песочни плажи и колекционери кои имаат пасија кон олдтајмери. Но Куба е позната и по Че Гевара (Che Guevara), Кубанските цигари, кубанска музика, Јастози, корали, подводни карпи, подводен животински свет, стари бродови и долга листа која нема крај. Температурата на водата овде, скоро никогаш не достигнува под 24 степени, дури и во зимските периоди. Идеален период за посета на Куба е од декември до месец јуни .

 

Хотел

Услуга

По лице во двокреветна соба

За лице во еднокреветна соба

Трет возрасен во двокреветна соба

1 дете до 11.99 години

Memories Varadero 4* – Varadero

АI

1811 €

2201 €

1815 €

1345 €

PANORAMA 4* Havana

BB

Промотивна цена до 31.01.2019

 

1671 €

2081 €

2131 €

1201 €

 

 

ПРОГРАМА

 

1 Ден (20.05.2019) | Скопје – Истанбул

Состанок на групата нa Меѓународниот аеродромот Скопје во 18:55 часот. Полетување од Скопје кон Истанбул во 20:55 часот. Слетување во Истанбул во 23.30.

2 Ден (21.05.2019 – вторник) | Истанбул – Хавана

Полетување од Истанбул во 01:45 и пристигнување во Хавана во 08:05 часот локално време. По завршување на пасошка и царинска контрола, започнува нашата приказна на Куба, со панорамски разглед на Хавана (со локален водич на англиски јазик) на новиот и стариот дел на градот во кој ќе имаме можност да видиме интересни места познати по својата историска вредност, како: старата претседателска палата, централниот парк, плоштадот на револуцијата, (кратка пауза), Универзитеот во Хавана. Прошетка околу стариод дел на Хавана: Plaza Vieja, Plaza de la Cathedral, Plaza de Armas, Plaza San Francisko de Asis. Ќе го посетиме градскиот музеј, Палатата на Генералите и Капетаните и познатиот бар Florida, како и тврдината Morro. Пауза за ручек.По паузата следува трансфер до хотел во Хавана,   PANORAMA 4**** (или сличен) *(Пријавување во хотелите на Куба е од 15.00 часот). Слободно време за прошетки во Хавана  или дополнителна екскурзија  *TROPICANA CABARET+( трансфер во 18.30 од хотелот + влезница). Шоуто започнува во 22 часот каде ќе уживате во прекрасниот и мистериозен клуб Тропикана, светски познато кабаре и ноќен клуб во Хавана, некогаш познат како “најатрактивен и извонреден ноќен клуб во светот”. Уживајте во спектаклот и сложената кореографија на повеќе од 200 изведувачи (танчери и пејачи) на Куба. Искуство кое секогаш ќе остане во Вашите сеќавања. Ноќевање.

3 Ден (22.05.2019 – среда) | Хавана – Viñales

Појадок во хотел. Овој ден е предвиден за екскуризија до Vinales со локален водич на англиски јазик. Тргнување од хотелот околу 09:00 часот на целодневен излет до Viñales, кој се наоѓа во Pinar del Rio Province, на 140км западно од Хавана, Viñales е местото каде расте и се обработува најдоброто светско тобако. Во Pinar del Rio ќе посетиме фабрика за цигари, каде ќе бидеме сведоци на мануелниот процес на производство на цигари. Продолжуваме кон Viñales. Овде се наоѓаат најстарите геолошки формации на Куба како и прекрасна долина со пејзаж кој е единствен во светот. Во Viñales ќе ги посетиме долината Viñales, El Mural de la Prehistoria – праисториски мурал, кој е насликан на камен и ја опишува еволуцијата на човештвото. Следува посета на древната пештера La Cueva del Indio, при што ќе имаме можност за влез во пештерата, каде на крајот се наоѓа субтеренска река. Пловење со брод до другата страна од планината. Ручек и време за релаксација. Вракање во хотелот околу 17:00 часот. Слободна вечер за индивидуални активности. Нокевање.

4 Ден (23.05.2019 – четврток) | Хавана

Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки во Хавана. Ноќевање.

5 Ден (24.05.2019 – петок) | Хавана – Варадеро

Појадок во хотел. По појадокот се одјавуваме од хотелот во Хавана, при што следува трансфер кон Варадеро со попатна пауза. Пријавување во хотелот во Варадеро – Memories Varadero 4* (или сличен) со услуга ALL INCLUSIVE. Сместување во соби според правилата на хотелот. Слободно време за одмор и релаксација на плажа. Ноќевање.

7 Ден (26.05.2019 – сабота) | Варадеро

Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности или можност за дополнителни ексурзии:
Crucero Del Sol Excursion(од 09.00-17.00 часот): Исклучителна програма за поморски активности во Варадеро, каде ќе уживате во прекрасен ден на плажа, во комбинација со чудата на подводниот свет, пловејќи по северните заливи, со изворедна флора и фауна. Разладување со кубански пијалоци (вклучени за време на едрењето и на плажа), нуркање со прекрасно морско дно, време за интерактивен контакт со делфините во морето и слободно време за уживање на плажа во Cayo Blanco. Следува учек базиран на морска храна. Ноќевање.

8 Ден (27.05.2019 – недела) | Варадеро

Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности или можност за дополнителни ексурзии: 
*Излет Трите града од 06:30 – 20:30 часот (Santa Clara, Trinidad, Cienfuegos): Панорамски разглед на градот Санта Клара (Santa Clara), вклучувајќи го  Мавзолејот на Ернесто Че Гевара (Ernesto Che Guevara) како и националниот споменик Tren Blindado. Продолжуваме кон градот Тринидад кој поради неговиот колонијален стил е прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО. Plaza Mayor, еден од градските музеи, La Canchánchara Bar за дегустација на типичен кубански пијалок, како и други места од туристички интерес кои ќе бидат дел од оваа тура. Време за ручек во ресторан во градот. Веднаш потоа, го продолжуваме нашиот пат кон градот Cienfuegos, најмладиот град на островот, кој го основале француските доселеници од Хаити. Пристигнување назад во хотелот околу 20:00 часот. Ноќевање

9 Ден (28.05.2019 – понеделник) | Варадеро

Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности или можност за дополнителни ексурзии:
*Заливот Матанзас со долината Јумури: 30 минутно крстарење со брод  по реката Canímar – заштитена област каде ќе имате можност да ја видите прекрасната Кубанска вегетација. Турата до заливот Matanzas или Градот на мостовите, озможува да ги посетете најатрактивните знаменитости овде, односно: Фармацевтскиот  музеј, француската аптека од 1882 година, Парк де ла Либертад (плоштад Либерти), Монсеррат Хајтс, како и една од црквите во градот. Прошетка низ долината и пауза за одмор во Rancho Gaviota, каде ќе Ве пречека коктел за добредојде, ќе имате можност да посетите селска куќа и фарма и ќе уживате во типичен кубански ручек. Слободно време за јавање коњи и наутички спортски активности во езерото. Турата завршува со посета на Cuevas de Bellamar (пештерата Беламар). Враќање во хотел. Ноќевање

10 Ден (29.05.2019 – вторник) | Варадеро

Појадок во хотел. Последен ден за уживање во тиркизните води и долгите песочни плажи во Варадеро. Ноќевање

11 Ден (30.05.2019 – среда) | Варадеро – Хаванa

Одјавување од хотелот и трансфер до аеродромот во Хавана. Полетување од Хавана кон Истанбул во 09:35 часот со 1 технички стоп од 01:10 мин во Каракас.

12 Ден | (31.05.2018 – четврток)

Слетување во Истанбул во 09:35 часот. Полетување од Истанбул кон Скопје 19:30 часот. Слетување во Скопје во 20.00 часот. (Авио компанијата обезбедува бесплатен хотел доколку разликата со поврзаниот лет е над 10 часа).

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авиобилет на релација Скопје – Истанбул – Хавана – Истанбул – Скопје со Turkish Airlines;
  • Аеродромски такси; 
  • Рачен багаж до 7кг.
  • Чекиран багаж до 30кг.
  • Трансфер на релација аерoдром – Хавана – Варадеро – Аеродром;
  • Вклучена  екскурзија “Vinales tour” со ручек;
  • Вклучен разглед на градот Хавана + екскурзија “по стапките на Хемингвеј” со ручек;
  • 3 ноќевања со вклучен појадок во Hotel PANORAMA 4****, Хавана (или сличен);
  • 6 ноќевања со услуга  СЕ ВКЛУЧЕНО во Memories Varadero 4*, Варадеро (или сличен);
  • Придружник од АТЛАНТИС за време на целото патување;
  • Локален водич на англиски јазик.

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Инидивидуални трошоци;
  • Факултативни излети;
  • Патничко осигурување – ЗАДОЛЖИТЕЛНО (информации во агенција).

Факултативни излети:

Bueno Vista Social club tour / Цена по лице: 59€;

Излет Трите града (Santa Clara, Trinidad, Cienfuegos) / Цена по лице: 98€;

Crucero Del Sol Excursion – Цена по лице: 106 € (се препорачува);

COLONIAL REMEDIOS Excursion – Цена по лице: 42 €;

Заливот Матанзас со долината Јумури (Matanzas – Yumuri  Excursion) – Цена по лице: 84€;

TROPICANA CABARET – Цена по лице:  99€;

Пријавување на факултативи најдоцна: до 06.05.2019. Резервации и уплата ислкучиво во агенција;

Напомена:

За патување на Куба потребна е патна исправа со валидност минимум 6 месеци од датумот на аранжманот; 
Во случај на промена на цената на авиобилетот од страна на авиопревозникот, агенцијата има право да ја промени цената на аранжманот;
Резервација се проследува исклучиво со уплата од 50% од вредноста на аранжманот;
Уплатениот депозит е неповратен во случај на отказ од страна на корисникот на услугата.

Рокови  за отказ на аранжманот и пенали:

Над 60 дена пред датумот на поаѓање се задржува износот на уплатениот депозит;

Помеѓу 60 – тиот и 20 – тиот ден пред датумот на поаѓање се задржува 70% од вредноста на аранжманот;

Помалку од 20 дена пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредноста на аранжманот.

Напомена:

Минимален број на патници врз кој е пресметана пакетната цена е 16.
Во случај на помал број од 16 пријавени патници, аранжманот нема да биде откажан, но реализацијата ќе биде без претставник од агенција;