БИСЕРИТЕ НА ИНДИСКИОТ ОКЕАН
МАЛДИВИ И ШРИ ЛАНКА
28.04 – 08.05.2019
Малдиви. Во кристално чистите води на Индискиот Океан лежи низа од бисери наречени Малдивски Острови. Малдивите се наоѓаат јужно од Индија и западно од Шри Ланка. Само околу 200 Малдивски Острови се населени, а 88 од нив се посебни ексклузивни летувалишта. Малдиви немаат долга историја во туризмот, но за само 30 години стигна на врвот на листата луксузни летувалишта. Луѓето на Малдиви се многу мирољубиви и гостопримливи. Оваа мала нација брои околу 300.000 луѓе, а 70.000 живеат во главниот град Мале кој е мешавина на традиционална и модерна култура: старите генерации се држат до својот начин на живот, а младите се прилагодуваат на западните трендови. Мале е мал и густо населен остров, долг 2 километри и широк 1 km. Односот кон жените е полиберален отколку во повеќето муслимански земји. Интересно е дека стапката на развод на Малдивите е една од највисоките во светот околу 80%. Не се чудете ако запознаете 25 – годишник кој е женет веќе неколку пати. Оваа група од околу 1190 корални острови е исто така омилена дестинација на нуркачите поради неверојатните гребени, богатства на морскиот свет и подводни убавини. Видливоста досегнува и до 50 метри. Малдивите се исто така и омилена дестинација за брачно патување, но ако сонувате за места со целовечерна забава, како Ибица, тогаш заобиколете ги. Иако климата е секогаш гостопримлива, најдобро време за посета е од Декември до Мај кога е и најголемата гужва.
КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ
Шри Ланка. Шри Ланка е земја која со својата мистичност и егзотичност заведува и мами светски патници веќе векови наназад. Марко Поло ја опишал како најфиниот остров кој го прави светот голем и фансцинантен во споредба со индиските, арапските и европските традиции. Многу од авантуристите ги привлекле ретките врсти на драги камења и величествени слонови. Шри Ланка се наоѓа во близина на Екваторот, во прекрасните води на Индискиот океан. Островот важи за место познато по легендарни природни убавини и магија што ги мами туристите повторно да се вратат назад. Романтичен и интересен, земја во облик на бисер, името го добила од раните арапски трговци и се нарекувала Шерендиб, што значи мир!
ПРОГРАМА
5 НОЌЕВАЊА ВО МАЛДИВИ / 3 НОЌЕВАЊА ВО ШРИ ЛАНКА | АВИОНСКИ ПРЕВОЗ | ТРАНСФЕР | ПРЕТСТАВНИК | ЕКСКУРЗИИ
(5 НОЌИ – FULL BOARD / 3 НОЌИ – ALL INCLUSIVE)
1 ден (28.04.2019 – Недела) Скопје – Малдиви
Сотанок на групата на Меѓународниот аеродром во Скопје во 10:45 часот (минимум 2 часа пред лет). Полетување кон Доха во 12:45 часот. Слетување во Доха 18:40 часот локално време. Полетување кон Мале, Малдиви во 02:00 часот после полноќ.
2 ден (29.04.2019 – Понеделник) Малдиви
Слетување во Мале во 09:00 часот локално време. Пречек на аеродромот од страна на локален партнер и трансфер со брз брод до хотел. Сместување во хотел Fun Island Resort (или сличен) со услуга полн пансион (Full board). Слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечера во хотел. Ноќевање.
3 ден (30.04.2019 – Вторник) Малдиви
Појадок во хотел. Слободен ден за релаксација на деликатните песочни плажи на како што некој милуваат да кажат, рајот на земјата. Уживајте на белиот песок со коктел во рака, пливајте со делфини, нуркајте со безброј видови на животински свет во неверојатно кристалните води и голем избор на различни содржини кои ресортот може да ги понуди. Во консултација со нашите локални партнери, појдете во авантура од изборот на факултативни ексурзии кои ќе Ви бидат понудени (со доплата). Вечера. Ноќевање.
4 ден (01.05.2019 – Среда) Малдиви
Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални активности или предлог факултативна екскурзија од страна на локалниот партнер. Вечера. Ноќевање.
5 ден (02.05.2019 – Четврток) Малдиви
Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални активности или предлог факултативна екскурзија од страна на локалниот партнер. Вечера. Ноќевање.
6 ден (03.05.2019 – Петок) Малдиви
Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални активности или предлог факултативна екскурзија од страна на локалниот партнер. Вечера. Ноќевање.
7 ден (04.05.2019 – Сабота) Малдиви – Шри Ланка
Појадок во хотел. Рано напуштање на собите и трансфер со брз брод до аеродромот во Мале. Полетување кон Коломбо, Шри Ланка во 09:25 часот локално време. Слетување во Коломбо 11:20 часот локално време. Пречек од страна на локален партнер и трансфер до хотел. Сместување во хотел Mermaid Hotel & Club (или сличен) со услуга се вклучено (All inclusive). Слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечера во хотел. Ноќевање.
8 ден (05.05.2019 – Недела) Шри Ланка – екскурзија “Galle Day and Balapitiya river” (вклучена во цената)
Појадок во хотел. По појадокот заминување на факултативна екскурзија со локален водич на англиски јазик и организиран трансфер до градот Балапитија (Balapitiya). Следува крстарење со моторен чамец вдолж реката Маду (Madhu river), каде ќе имате можност да го почуствувате руралниот живот на локалното население, посетите храмови постари од 200 години и директно да се вклучите во процесот на одгледување на најегзотичната арома во светот – циметот. Оттаму продолжуваме кон градот Галe (Galle), попатно застанувајќи во градот на маските Амбалангода (Аmbalangoda). Овде ќе имате можност да го видите начинот на производството на познатите маски од островот. Продолжуваме кон Гале (Galle) и панорамски разглед на градот со тврдината. За овој град луѓето милуваат да кажат дека е парче од Европа лоцирано на островот Шри Ланка. Пауза за ручек во ресторан (вклучен во цената). Кратка прошетка низ тврдината и враќање назад кон хотелот. Попатно посета на фабриката за камења Митијагода (Meetiyagoda) и дружба во Косгода (Kosgoda) со едни од најстарите жители на островот – желките. Враќање во хотел. Вечера во хотел. Ноќевање.
9 ден (06.05.2019 – Понеделник) Шри Ланка – “Pinnawaladaytour” (вклучена во цената)
Појадок во хотел. По појадокот следува организиран трансфер со локален водич до селото Пинавала (Pinnawala) и домот на слоновите, каде ќе имате можност да ги видите овие грандиозни животни и да ги храните и капете најмалите слончиња. Следува пауза за ручек во локален ресторан во селото (вклучено во цената). Организиран трансфер назад кон хотелот со попатна посета на градина со зачини – култура позната за овој дел од светот. Вечера во хотел. Ноќевање.
10 ден (07.05.2019 – Вторник) Коломбо – Скопје
Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности до времето за организиран трансфер до аеродром. Полетување кон Доха во 20:55 часот локално време. Слетување во Доха во 23:35 часот локално време.
11 ден (08.05.2019 – Среда) Скопје
Полетување од Доха кон Скопје во 06:55 часот. Слетување во Скопје во 11:55 часот.
ЦЕНИ И АРАНЖМАН
Пакет аранжман Малдиви+Шри Ланка Хотели | Тип на соба | Тип на услуга | Промотивна цена по лице до 01.11.2018 | Редовна цена по лице |
Fun Island Resort 3* Maldives | Double room | Full Board/All Inclusive |
|
|
Во цената на аранжманот е вклучено:
Цената на аранжманот не вклучува:
Рокови за отказ на аранжманот и пенали:
Над 60 дена пред датумот на поаѓање се задржува износот на депонираниот депозит;
Помеѓу 60 – тиот и 20 – тиот ден пред датумот на поаѓање се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
Помалку од 20 дена пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредноста на аранжманот.
Напомена:
Патниците мора да поседуваат пасош кој е валиден повеќе од 6 месеци од терминот на патување;
Во случај на промена на цената на авиобилетот од страна на авиопревозникот, агенцијата има право да ја промени цената на аранжманот;
За резервација е потребна уплата на 50% депозит кој е неповратен во случај на отказ на аранжманот од страна на корисникот на услугата;
Минималниот број на патници според кој е пресметана цената на аранжманот изнесува 16. Доколку не се исполни бројката на патници, цената на аранжманот нема да биде променета, но екскурзиите нема да бидат вклучени во истата;
Доколку има пријавено повеке од 14 патници следува придружник за време на целото патување од страна на агенцијата ;
Сите факултативни екскурзии се придружувани од локален водич на англиски јазик и превод на македонски од страна на претставник од агенцијата (доколку вкупната бројка на групата надминува 14 патници).
Цената е изразена во евра и е пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари.