info@mtravel.com.mk
Maksim Gorki 20, Skopje
+389 2 3125 334 | +389 70 320 511


Вила
Ана Сакис Торони

 

Вила Ана Сакис е лоцирана на 20 метри од морето. Се преминува шеталиште (мала улица) за да се стигне до прекрасната песочна плажа. Двокреветните студија се во приземјето а трикреветното студио (2 + дополнително легло) е на првиот кат. Истите се комплетно опремени со мали кујни, сопствен тоалет, ТВ, клима и интернет, кои се вклучени во цената. Веднаш до куќата има маркет и рибарница.

 

 

Сезонски цени

Термин

Ноќевања

1/2

1/2 + доп. легло

07.07-16.07

9

439

479

16.07-25.07

9

479

519

25.07-03.08

9

509

559

03.08-12.08

9

509

559

12.08-21.08

9

509

559

21.08-30.08

9

499

529

 

Вонсезонски цени

Термин

Ноќевања

1 и 2 лице

3 лице

30.08-06.09

7

159

35

06.09-13.09

7

139

35

13.09-20.09

7

109

35

20.09-01.10

10

99

35

 

 Напомени и услови:

 

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд.
  • Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 или 10 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Плаќаат најмалку две лица. за патниците кои нема да го користат превозот од цената се одбива 20 евра од целоснатавкупната сума
  • Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 9 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:

За возрасни 2.480 мкд. (40 евра)

За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)

Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште

 

  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел  Холидеј Ин),  а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникотпратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • При резервирање на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени во канцелариите во Скопје, на ул. Максим Горки бр. 20
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, Агенцијата ги објавува информациите според  договорот со истите.
  • Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата и на самата агенција.
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ