info@mtravel.com.mk
Maksim Gorki 20, Skopje
+389 2 3125 334 | +389 70 320 511

ВИЛА СОЛЕ А МАРЕ – НЕОС МАРМАРАС

 

Вилата Соле А Маре се наоѓа во центарот на Неос Мармарас, најпопуларното туристичко место на Ситонија. Лоцирана е на главната пешачка зона во првата линија вили меѓу изобилство продавници, со фронталниот дел поставена кон фонтаната која е обележје на градот и кон пристаништето. Од градската песочна плажа која гравитира кон хотелскиот комплекс  Порто Карас  е оддалечена околу 300 метри.  Располагаме со двокреветни студија и четирикреветни апартмани  на прв и втор спрат кои имаат поглед на улица или директен поглед на море (во студијата и апартманите има дополнителни фотелји на расклопување). Сите сместувачки капацитети се опремени со модерен мебел соодветен на хотелско сместување, кујни, телевизори  и клима уреди  чие користење  е вклучено во цената. Терасите се заштитени со тенди. Станува збор за сосема нов, совршено безбеден објект, а извонредната локација и квалитетот ја вбројуваат оваа вила меѓу топ понудите и за ова лето. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончево колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Напомена: Во сите студија и апартмани дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети.

-10% попуст за целосна уплата до 29.02.2020

Вила Sole A Mare – Неос Мармарас

 

Термин:

 

Ноќевања:

1/2 студио (море)

1/2+1 студио улица

1/4+1 апартман улица

1/4+1 апартман

(море)

20.05-30.05.2020

10

200 € (12.400 ден)

220 € (13.640 ден)

320 € (19.840 ден)

370 € (22.940 ден)

30.05-09.06.2020

10

250 (15.500 ден)

270 € (16.740 ден)

370 (22.940 ден)

420 € (26.040 ден)

09.06-19.06.2020

10

300 (18.600 ден)

320 € (19.840 ден)

450 € (27.900 ден)

500 € (31.000 ден)

19.06-29.06.2020

10

350 € (21.700 ден)

370 € (22.940 ден)

600 € (37.200 ден)

650 € (40.300 ден)

29.06-09.07.2020

10

450 (27.900 ден)

470 € (29.140 ден)

650 (40.300 ден)

700 (43.400 ден)

09.07-19.07.2020

10

550 € (34.100 ден)

570 € (35.340 ден)

690 € (42.780 ден)

740 € (45.880 ден)

19.07-29.07.2020

10

550 € (34.100 ден)

570 (35.340 ден)

690 € (42.780 ден)

740 (45.880 ден)

29.07-08.08.2020

10

550 (34.100 ден)

570 € (35.340 ден)

690 (42.780 ден)

740 (45.880 ден)

08.08-18.08.2020

10

550 (34.100 ден)

570 € (35.340 ден)

690 € (42.780 ден)

740 (45.880 ден)

18.08-28.08.2020

10

500 (31.000 ден)

520 (32.240 ден)

650 (40.300 ден)

700 € (43.400 ден)

28.08-07.09.2020

10

400 (24.800 ден)

420 € (26.040 ден)

600 (37.200 ден)

650 € (40.300 ден)

07.09-17.09.2020

10

300 € (18.600 ден)

320 (19.840 ден)

450 (27.900 ден)

500 (31.000 ден)

17.09-27.09.2020

10

250 € (15.500 ден)

270 (16.740 ден)

350 (21.700 ден)

400 € (24.800 ден)

 

  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цел апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неос Мармарас
  • Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
  • Доплата за туристичка такса 0,5 евра од ден по студио/апартман (се плаќа во агенцијата)