НОВА ГОДИНА АНТАЛИЈА
28.12.2024 – 01.01.2025
АНТАЛИЈА – ДИРЕКТЕН ЛЕТ ОД СКОПЈЕ – 5 ДЕНА / 4 НОЌИ
Град со преку 300 сончеви денови во годината, богата историја, модерни зданија и преубави плажи, Место каде земјата го допира рајот. Анталија е сместена во истоимениот залив, се состои од два дела: едниот современ со широки булевари, трговски центри, богат ноќен живот, и стариот дел Kaleici – обновен и претворен во туристички центар на градот. Стариот град е подигнат покрај старото пристаниште, со тесни поплочени улици, стари турски куќи, џамии и хамами кои сведочат за старата архитектура и некогашниот начин на живот. Анталија претставува еден од 5-те најпосетени градови на светот со над 10 милиони туристи годишно. Посетете ја и откријте зошто…
Цена на аранжманот 549еур – 34.038 мкд
MIRACLE RESORT HOTEL 5* LARA | ALL INC |
|
Задолжителна Новогодишна вечера | 85 еур |
|
Во цената се вклучени следниве услуги
· Повратен Авио билет со вклучен багаж – Директен лет:
Скопје-Анталија со Sun Express: XQ631 28DEC SKP AYT 17:25 21:15; XQ630 01JAN AYT SKP 16:35 16:30
· Вклучени аеродромски такси
· Организиран трансфер: Аеродром-Хотел-Аеродром
· 4 ноќевања во Miracle Resort Hotel www.miraclehotel.com на база Се вклучено
· Организација на патувањето
Во цената не се вклучени следниве услуги:
1. Анталија-Градска тура (Превоз и водич-возрасни 50 еур, деца 0-5.99 бесплатно, 6-11.99 – 25 еур)
Начин да создадете драгоцени спомени и да се забавувате. Посета на најзначајните споменици и природни чуда: Адријановата Порта, Саат Кулата, водопади и џамии…
2. Демре Мира Кекова -04:00 08:00 Враќање 19:00 22:30 (Возрасни 99 еур, Деца 6-11.99- 55 еур – Превоз, водич, ручек, Посета на црквата Св. Никола и влез во карпестите гробници, продавница за икони и сувенири , пловење со јахта до островот Кекова и Демре -област со посебна убавина, позната по своите подводни убавини, по моштите на Антички град делумно потопен од земјотрес во вториот век. Населба потопена во море-Ѕирнете надолу низ водата, ќе имате чувство како да се лизгате по потонатите ѕидови и скали.
3. Памук Кале 03:30 05:30 Враќање 19:30 22:30 30 (Возрасни 99 еур, Деца 6-11.99 -55 еур – Превоз, Водич, Влез за Памук кале Хиераполис, појадок, ручек, продавница за сувенири, за текстил – Дополнително се наплатуваат услуги во Клеопатра базенот (макс. 3 часа) и пијалоци
Памучен замок – чудо на природата кое го одзема здивот со природни топли ивори кои се зацврстуваат во бели карпести базени со неверојатна убавина. Посета на Античкиот град Хиераполис – видете го добро сочуваниот римски театар и античките термални бањи. Можност за капење во термален базен познат како базен на Клеопатра…
4. Аквариум – Полудневна екскурзија (Возрасни 75 еур, Деца 6-11.99 – 65 еур, Деца 0-5.99 –60 еур
Превоз, бодич, билет за влез – Посетете ја најновата атракција во Анталија, еден од најголемите аквариуми во светот на 3 различни нивоа – најголем подводен тунел во светот. 5 Милиони литри вода во главниот резервоар се дом на многу видови тропски риби и ајкули. Аквариумот нуди и Снежен свет – музеј на мраз.
Напомена: За реализација на сите факултативни излети потребен е минимум од 10 патници, водичите за сите излети се на Англиски јазик
Важна напомена:
· Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 62 мкд)
· За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 6 месеци од денот на патувањето
· Краен рок за пријавување 15.12.2024
· Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.За резервација задолжителна уплата од 50% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување
· За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
· За овој аранжман важат општите услови на патување на агенцијата