ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО РАКОМЕТ 2022 
ДЕБРЕЦИН, УНГАРИЈА

12.01- 18.01.2022

 

 

 12.01.2022 –  Среда : Скопје-Дебрецин 

 Состанок на групата:                                                                    Поаѓање:

 Битола во 15:00 часот                                                                  Битола во 15:30 часот

 Скопје во 18:30 часот                                                                   Скопје во 19:00 часот

 Се патува преку граничен премин Табановце и  Србија.Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

13.01.2022 – Четврток: Дебрецин
Пристигнување во Дебрецин околу пладне,сместување во хотел ,,Platan,, во Дебрецин.Хотелот е лоциран на 3,5 километри од центарот на градот и 5,5 километри од салата ,,Fonix Csarnok,, Слободно време за одмор или индивидуални активности. Во 16:00ч., организирано поаѓање  кон спортската сала „Főnix Csarnok“  и следење на натпреварите:
Словенија – Македонија 18:00 ч. (Moжност за организирана посета на фан зоната или враќање во хотел.)
Данска – Црна Гора 20:30 ч.
Враќање во хотел по завршувањето на вториот натпревар. Ноќевање.

14. 01.2022 –  Петок: Дебрецин – Будимпешта (факултативно)
Појадок.По појадокот  можност за индивидуални активности во Дебрецин или целодневен факултативен излет до Будимпешта. Ноќевање.

15.01.2022 – Сабота : Дебрецин
Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности. Во договорено време, поаѓање кон спортската сала „Főnix Csarnok“ , следење на натпреварите:
Македонија-Црна Гора 18:00 ч. , (Moжност за организирана посета на фан зоната или организирано враќање во хотел.)
Словенија-Данска 20:30 ч.
Враќање во хотелот по завршувањето на вториот натпревар. Ноќевање.

16.01.20 – Недела: Дебрецин-Егер
Појадок. По појадокот можност за индивидуални прошетки и активности во Дебрецин или орханизиран факултативен излет до градот и винскиот регион Егер.Враќање во хотел. Ноќевање

17.01.20 – Понеделник: Дебрецин-Скопје
Појадок. По појадокот напуштање на собите,организирано заминување кон центарот на градот. Во договорено време, поаѓање  кон фан зоната на македонските навивачи и потоа кон  спортската сала „Főnix Csarnok“ и следење на наптреварите
Црна Гора-Словенија  18:00 ч.
Македонија-Данска 20:30 ч.
Во договорено време  поаѓање за Македонија..
Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

18.01.20 – Вторник: Скопје
Пристигнување во Скопје во утринските часови. .


Цена на аранжманот по лице:
19.590
денари

 Во цената на аранжманот e вклучено:
 Превоз со високо туристички автобус.
 Организирани трансфери на релација хотел –спортска сала ,, Főnix Csarnok –   хотел (во деновите на натпреварите)
 4 ноќевања со појадок во хотел Platan 3*- Debrecin  
 Блок билети за сите натпревари од група A, категорија 3
 Организација, водство и реализација на патувањето.

 Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
 Факултативен излет до винскиот регион Егер
 Факултативен излет и разглед на Будимпешта со локален водич 30 евра по лице,минимум 30 пријавени патници за реализација;
 Патничкото осигурување

 *** Политика за откажување:

 Откажување или промена на резервација мора да се направи икслучиво во писмена форма;

 5% од вкупната вредност на резервацијата ќе биде наплатена доколку се откаже резервација 45 дена пред почетокот на аранжманот.
 
10% од вкупната вредност на резервацијата ќе биде наплатена доколку се откаже резервација 44-30 дена пред почетокот на аранжманот.
 
20% од вкупната вредност на резервацијата ќе биде наплатена доколку се откаже резервација 29-20 дена пред почетокот на аранжманот.
 40% од вкупната вредност на резервацијата ќе биде наплатена доколку се откаже резервација 19-15 дена пред почетокот на аранжманот.
 
80% од вкупната вредност на резервацијата ќе биде наплатена доколку се откаже резервација 14-10 дена пред почетокот на аранжманот.
 90% од вкупната вредност на резервацијата ќе биде наплатена доколку се откаже резервација 9-6 дена пред почетокот на аранжманот.
 100% од вкупната вредност на резервацијата ќе биде наплатена доколку се откаже резервација 5-0 дена пред почетокот на аранжманот.
 Доколку се напушти хотелот предвреме Хотелот не дозволува поврат на неискористени средства.
 
Промени на анаржманот не се дозволени за време на престојот во Хотелот.

 Ковид политика:
 Агенцијата гарантира поврат на уплатени средства во случај:
 Потврдено приуство на корона вирус на еден или повеќе лица на кои се оденсува резервацијата (доказ позитивен ПЦР тест)
 Затварање на граници или одлука на ЕХФ да не дозволи гледачи на натпреварите