ЗАГРЕБ 8 ДЕКЕМВРИ 2025
Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира Загреб во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувство на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греeно вино. Блескавите светла, шарените и божиќни украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено.
РЕДОВНА ЦЕНА: 219 € /13.580 мкд
ПРОМО ЦЕНА 189 € / 11.720 мкд
ПРВ ДЕН – 05.12.2025 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – ЗАГРЕБ
Состанок со групата на паркингот пред хотел Русија во 19.30 часот и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија.
ВТОР ДЕН – 06.12.2025 (САБОТА) ЗАГРЕБ
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица…
Во попладневните часови сместување во хотел.
Слободно време за уживање во убавините на градот Загреб и празничната магија. Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира главниот град во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувството на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греeно вино.Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 07.12.2025 (НЕДЕЛА) ЗАГРЕБ – ЉУБЉАНА – ЗАГРЕБ
Појадок. Поаѓање за Љубљана. Разгледување на градот: Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Враќање во Загреб.
Вечерта, повторно уживање во празничната магија на градот. Можност да си купите “licitar” – црвено медено срце кое датира од XIII век, a со тек на времето прераснало во симбол на Хрватска, денес се користи повеќе како божиќен украс отколку како колаче за јадење.
Ноќевање.
ПОСЛЕДЕН ДЕН 08.12.2025 (ПОНЕДЕЛНИК) ЗАГРЕБ – СКОПЈE
Појадок. Во договорено време со водичот, се упатуваме на факултативен излет во Самобор – шармантен град кој претставува вистински бисер за еднодневна прошетка, па кога сте во Загреб не ја пропуштајте оваа можност. Ќе го посетиме стариот град каде се наоѓаат руините од средновековната тврдина Самобор, изградена во 13 век, кој има прекрасен поглед кон целиот град. Ќе прошетаме низ главниот плоштад (Trg kralja Tomislava) со живописни фасади, кафулиња, и мали продавници со домашни производи. Слободно време за кафе и дегустација на самоборска кремшнита во најпознатото место за дегустација кафе-слаткарницата “U Prolazu” или “Livadić”. Оние патници кои нема да одат на оваа факултатива ќе имаат можност да го посетат шопинг центарот “Arena Centar” во Загреб. Поаѓање кон Македонија во договорено време.
Пристигнување во Скопје на 09.12.2025 – вторник, во раните утрински часови.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Автобуски превоз на релација Скопје-Загреб-Скопје
– Сместување во хотел со 3*во Загреб на база 2 ноќевања со појадок
– Организиран разглед на Загреб со локален водич
– Посета на Christmas market
– Посета на шопинг центар “Arena Centar”
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Посета на Љубљана – 45 евра
– Посета на Самобор и разглед на градот – 20 евра
– Патничко – здравствено осигурување
– Туристичка такса 5евра за двете ноќи од човек се доплаќа во автобус
– Доплата за еднокреветна соба 5.000 мкд
– Дете до 2,99 години гратис (без легло)
– Индивидуални трошоци
НАПОМЕНИ:
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
– Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
– За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
– Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
– Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
– Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
– Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
– Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
– Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
– За ова патување важат општите услови за патување на СКТМ