***** Има важност додека трае Вонредната состојба во Република С.Македонија
Почитувани патници ,
Имајќи ја предвид моменталната прогласена состојба на пандемија и прогресивното ширење на коронавирусот (COVID-19), согласно донесените времени мерки и Уредбата на Владата со законска сила за примена на Законот за туристичката дејност за време на вонредната состојба, донесена на седницата одржана на 24 март 2020 година (Службен весник на РСМ, бр. 80/20 од 27.03.2020 година), како и препораките на СКТМ, ги објавуваме следниве важни информации за Лето 2020 година во врска со состојбата на престојните патувања, туристички аранжмани и услуги.
Агенција целосно ги откажува сите туристички аранжмани за претстојната сезона Лето 2020 за сите туристичките дестинации.
Aранжманите за Лето 2020 година се откажуваат според долу наведеното:
1. Пакет аранжманите за ТУРЦИЈА Лето 2020, (со чартер лет) се откажуваат заклучно со 30.09.2020год.
2. Пакет аранжманите за ЕГИПЕТ Лето 2020, (со чартер лет), се откажуваат заклучно со 30.09.2020год.
3. Аранжманите за ГРЦИЈА за Лето 2020 (индивидуални патувања) се откажуваат заклучно со 30.09.2020год.
4. Сите останати аранжмани за Лето 2020 од понудите целосно се откажуваат.
Информациите дадени во ова соопштение се однесуваат за сите патници, кои имаат уплатено туристички аранжмани за сезона Лето 2020.
Поради неможност да се реализираат под објавените услови (планираните термини на патување, период на престој или објект на престој), ограничување на патувањето на граѓаните, затворањето на аеродромите и границите, сите аранжмани се откажуваат според горенаведените услови.
За сите откажани туристички аранжмани туристичката агенција М Травел ќе им издава на патниците вредносни ваучери, врз основа на примена на одредбите од Уредбата од Владата и Министерството за економија – сектор за туризам и угостителство, и во продолжение ви ги презентираме условите и начинот за подигнување и користење на ваучерите:
- Сите туристички агенции кои ги имаат откажано своите аранжмани за време на траење на вонредната состојба се должни да издадат нов Ваучер на корисникот (патникот) на туристичкиот аранжман.
- Ваучерите ќе бидат издавани од страна на туристичките агенции во три примероци со рок на важење најдоцна до 31.12.2021 година (еден примерок од Ваучерот ќе се достави и до Министерството за економија, за потребната евиденција), а патниците ќе можат да ги подигнат лично во туристичките агенции каде имале извршено уплата/резервација на аранжманот или по барање на патникот истиот ваучер може да им биде испратен по електронски пат, односно по е-маил.
- Начинот на издавање на Ваучерите ќе се реализира во согласност на двете страни. Односно, туристичката агенција – организатор на аранжманот или овластената туристичка агенција за продажба (од една страна) и корисникот на ваучерот – патникот (од друга страна), ќе се договорат за: дестинацијата, терминот на реализација и времетраење на новиот аранжман за кој би се користел ваучерот.
- Издадениот ваучер патникот ќе има можност да го искористи за аранжмани во организација на туристичката агенција (организаторот на првичниот аранжманот), а вредноста на ваучерот ќе биде во истиот износ колку што била уплатата за аранжманот кој е откажан поради вонредната состојба.
- Ваучерите кои ќе бидат издавани и ќе гласат на име на име на патникот кој ja извршил резервацијата и уплатата, и истите ќе можат да бидат преносливи, односно Ваучерот може да се искористи и од страна на друг патник (по договор меѓу патникот и туристичката агенција).
НАПОМЕНА:
По завршување на вонредната состојба и нормализирање условите за патување од земјата и условите за влез и престој во дестинациите на патување, доколку постојат услови, М Травел ќе објави нови понуди на аранжмани за Лето 2020 со нови услови, за сите или за дел од претходно објавените дестинации. По објавувањето на новите понуди ќе може да се прават нови резервации за кои ќе се искористат вредносните ваучери.
Со оглед на динамичноста и неизвесноста во развојот на состојбите, ние ќе вложиме максимални напори да се прилагодиме на новонастанатата ситуација и да излеземе во пресрет на потребите и можностите на нашите патници и клиенти. Убедени сме дека со добри намери, взаемно разбирање и трпение ќе успееме мирно да ги надминеме сите недоразбирања, согласно законските правила и прописи. Веруваме дека како и во многу други ситуации до сега, така и овој пат ќе најдеме сила, верба и начин да го надминеме овој предизвик и да продолжиме со заедничките активности кои вклучуваат безбедни, безгрижни и интересни патувања.